Со културни содржини Струга ќе се привлекува туристи
Струшкиот Музеј „Доктор Никола Незлобински“ прави напори музејските експонати, но и целокупната културна понуда во Струга да биде вметната во туристичките понуди.
Директорот на установата Милован Шутиноски информира дека нацрт верзија од целокупната музејскат понуда била испратена до Агенцијата за промоција и развој на туризмот и туристичките агенции. Во нацрт верзијата, појасни дека се вметнати сите поставки, спомен домот на Браќата Миладиновци, галеријата Вангел Коџоман, поставката Враништа, односно се што во надлежност на Музејот.
- Најбројани се локалитети, пештерските цркви, базиликите во Радолишта и Октиси. Тука ќе има можност да се посети и галеријата во црквата „Свети Ѓорѓи“, теќето во Струга... Направивме еден концепт, туристичките агенции да имаат и интертес за почеток барем еден ден да го посветат на Струга. Овозможивме комлетна туристичка понуда во овој дел од културата каде би организирале една културна прошетка низ Струга, изјави Шутиноски.
Музејот, нагласи тој, прави напори да ги задржи туристите во Струга и на подолг рок.
Шутиноски посочи дека Министерзтвото за култура одобрило средства за осовременување на музејската поставка, проект што ќе се работи во неколку фази и на подолг период.
- Почетната фаза ја опфаќа целата природно-научна збирка и тука ќе биде опфатена самата збирка, изложените експонати и објектот. Се работи за еден подолгорочен проект и правиме проценка за работите што треба да се изведат, истакна директорот на Музејот.
Предвидено е целата збирка да се осовремени според најновите стандарди, да се променат излозите и осветлувањето, како и да се дигитализира дел од материјалот.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје