Договорот за прекин на огнот во Латакија и Алепо продолжен за 72 часа
Договорот за прекин на огнот во северниот дел на сириската провинција Латакија и градот Алепо е продолжен од денеска за 72 часа, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.
Со цел спречување на понатамошно заострување на ситуацијата по иницијатива на руската страна во северните региони на провинцијата Латакија и град Алепо „режимот на тишина" се продолжува од 00:01 на 7 мај за 72 часа, се вели во соопштението на рускиот Центар за примирје меѓу завојуваните страни во Сирија
„Режимот на тишина" во Алепо влезе во сила на 4 мај. Огнот требаше да биде прекинат на 48 часа.
Во северниот дел на провинцијата Латакија воените дејства беа прекинати на 30 април по иницијатива на руската и американската страна, а по консултации со сириското раководство и умерената опозиција.
ТАСС уште информира дека жителите на градот Алепо добиле пет тони храна и лекови од руско општествено-политичко движење и од сириската арапска Црвена полумесечина. Во населени места во провинцијата Хомс биле поделени, исто така, 500 килограми леб, направен во руски теренски производител.
Во Центарот за примирје меѓу завојуваните страни во Сирија продолжува формирањето на хуманитарни конвои за жителите на Алепо и провинција Хомс.
Ново на Сител
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување