-->
-->
Регионална ревија на песни,музика и игри од Повардарието „Велес 2016“
-->
Во организација на Здружението на пензионери на Велес, а во соработка со Здруженијата на пензионери од Повардарието и Сојузот на Здруженијата на пензионери на Македонија, денеска во салата „Бели Мугри“ во Велес се одржа 14 Регионална ревија на песни музика и игри „Велес 2016“.
На ревијата со староградски песни,ора и музика настапија околу 200 учесници од пеачките групи пратени со мали народни оркестри при Здруженијата на пензионерите од Регионот на Повардарието:од Гевгелија,Богданци,Валандово,Демир Капија,Неготино,Кавадарци со две пеачки грипи и домаќините, од Велес.
Како што ни изјави за МИА Веле Алексоски претседател на Здружението на пензионерина Велес, целта на манифестацијата која е веќе традиционална е пензионерите да покажат што знаат и умеат и воедно да се дружат со песна,музика и ора.
- Ние при Здруженијата имаме разни Комисии како за спорт,за културно забавен живот и други комисии преку кои нашите членови имаат убава можност да покажат што знаат и умеат.Ако тоа не го сториле во текот на работниот ден тоа можат да го направат сега како пензионери и да уживаат преку исполнувањ на песни музика и ора и други културни содржини. Воедно истовремено и да се дружат со останатите наши членови,а што е и цел на овие комисии и на овие регионални ревии на песни, а кои стануваат се’ попривлечни и интересни за пензионерите, а од година на година со се’ поголем број на учесници и публика, потенцира Алексоски.
Инаку, најдобрите од Регионалната ревија ќе замат учество на Републичката ревија на песни,музика и игри,а понатаму најдобрите ќе гостуваат и кај пензионерските здруженија во Словенија,Србија и други балкански,а годинава и во некои од Европските земји каде живеат Македонци, најави Алексоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис