Џет-Сет
25. April 2016 - 17:08

Сакала да направи секси фотографија, а тоа што го покажа предизвика грозење

Ѕвездата на реалните  програми добила бројни негативни коментари поради нејзината фотографија од кревет.

Медиумите постојано пишуваат како Клои Кардашиан усепала со вежбање и со исхраната да го доведе своето тело во топ форма.

Нема сомнежи дека и Клои се гордее на своите резултати и тоа често го покажува со споделување на фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, самоуверенета Клои решила да сподели една провокативна фотографија на која ѝ се гледа стомакот и еден дел од нејзиниот задник.

Фотографијата набрзо собрала речиси милион лајкови, но и доста поделени реакции од страна на обожавателите. Додека едни беа воодушевени од изгледот на Клои, други, пак, биле згрозени од оваа фотографија. -Ова изгледа ужасно. Дали сум јас единствениот на кого ова му изгледа грозно? Има премногу дебел задник!Нејзиниот задник дури не ни природен!

Ова беа само некои од коментарите, а Клои која никогаш не ги сфаќала сериозни негативните коментари, им одговорила:„Сабота, 08.30 часот наутро, а луѓето сѐ уште имаат да кажат нешто лошо. Изгледа дека негативноста никогаш не спие“.