-->
-->
Креваат “револуција”, а во недела одмараат во Австрија, Истанбул и по ресторани и мориња
-->
Учесниците на насилните протести во Скопје, кои се поттикнати и поддржани од СДСМ, во работните денови креваат “револуција“, а за викенд заминуваат на луксузни патувања.
Оние кои се најгласни за време на протестите во кои се уништуваат симболи на македонската историја и се удира по полицајци, се шетаат во странство, на скапи дестинации каде трошат многу пари. За иронијата да биде поголема, на протести тие зборуваат и за сиромаштија меѓу граѓаните.
Но, далеку од градот кој полека го уништуваат, овие познати лица, блиски до раководството од Бихаќка, евидентно е дека уживаат во градови во други земји.
Тие кои креваат “револуција“ против, како што велат, “режимот“, во државава очигледно заработуваат огромни суми на пари со кои можат да си дозволат луксузни патувања.
Катерина Цаневска беше новинарка во А1 телевизија, а во моментов работи во кабинетот на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. За време на пауза од протестите таа се прошета низ прекрасната Турција,
Каролина Ристова-Астеруд, долгогодишен функционер на СДСМ, се одмара во Австрија. Додека партиските поддржувачи дивеат низ Скопје, таа одмарала и е во термална бања во Будимпешта, Унгарија.
Јове Кекеновски од ФРОДЕМ ги поддржува насилните протести во Скопје, но додека ужива во прекрасна глетка, како што вели „На убавиот и зелен Дрим“.
Борјан Јовановски, новинарот близок до СДСМ и главен критичар на власта и на условите за живеење во Македонија, протестира уживајќи во Брисел.
И младите поддржувачи на СДСМ, кои заедно со останатите хулигани прават нереди во македонската метропола, уживаат трошејќи голема сума на пари на пауза од правењето “револуција“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка