-->
-->
Сто седумдесет и една држава ќе го потпишат Парискиот договор за климата
-->
Во централата на Обединети нации во Њујорк денеска 171 земја ќе го потпишат Парискиот договор за климата, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
- Тоа е историски момент. Никогаш досега толкав голем број држави не потпишале меѓународен договор во еден ден, истакна Бан на почетокот на церемонијата.
Новиот глобален договор за борба против климатските промени беше договорен на конференција во Париз во декември минатата година. Со него се предвидува да не се дозволи просечната температура на Земјата да се зголеми повеќе од два степени Целзиусови во однос на температурата од прединдустриската епоха.
Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван од 55 земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска