-->
-->
Стоилов: Веспрем ни е последна пречка пред „Ф4“
-->
Ракометарите на Вардар во сабота од 16 часот го играат првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ доаѓа унгарскиот Ведспрем, големиот ривал од последните сезони од Лигата на шампионите и СЕХА лигата.
Во таборот на „црвено-црните“ се свесни за обврската што ги очекува, но умерени се во најавите за дуелот и на денешната прес-конференција тренерот Раул Гонзалез посочи дека Веспрем е добар противник.
- Треба да играме добра одбрана и да го искористиме контранападот. Веспрем игра многу добра одбрана, нивните играчи се движат брзо и добро играат во контра. Имаат добри играчи како Палмарсон, Чема Родригез, Наѓ,... Добро трениравме оваа недела. Треба да се фокусираме на овој натпревар. За разликата никогаш не се знае, може да биде и мала разлика, рече Гонзалес
Потребна ни е, нагласи, и помош од навивачите како и секогаш, бидејќи сакаме да играме „фајнл фор“ во Лигата на шампионите.
Стојанче Стоилов за противникот од четвртфиналето истакна дека добро ја познаваат екипата на Веспрем.
- Веспрем ни е последна пречка за пласман на „Ф4“. Неколку пати игравме овие години. Добро се познаваме и фаворитската улога ќе им ја препуштам ним. Одбраната ќе го реши натпреварот, тие се искусни, но ние ќе одиме на победа, речеСтоилов.
Околу повредените играчи Раул изјави дека Филип Лазаров сега почна со тренинзи, а во подобра кондиција е и Сергеј Горбок.
Годинава во рамките на СЕХА лигата двата натпревара завршија нерешено (24:24 во Веспрем и 30:30 во Скопје), додека во финалето на СЕХА лигата во Вараждин Веспрем победи со 28:26.
Натпреварот ќе го судат Стеван Пишо и Лоран Ревере од Франција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан