-->
-->
Петте најголеми економии во ЕУ иницираа црна листа на даночни оази
-->
Петте економски најмоќни земји членки на ЕУ побараа од Г-20 да изготви црна листа на даночни оази во светот и да предвиди санкции за оние држави кои ќе одбија соработка при истраги во врска со скандалот со „Панамските документи“.
Во писмо упатено до учесниците на средбата на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Групата 20 економкси најразвиени земји во светот (Г-20) во Вашингтон, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија исто така побараа и да се објават и идентитетите на сопствениците на фиктивни фирми во даночните оази.
Министрите за финансии на петте земји-членки на ЕУ се договорија и наскоро да започнат проектот за размена на информации за компаниите основани во даночните оази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце
-
Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки