Ердоган: Тероризмот е најголем проблем за муслиманскиот свет
Тероризмот е најголемиот проблем за муслиманскиот свет, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објавувајќи дека земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИК) ги усогласиле ставовите за формирање заедничко тело за борба против тероризмот.
Ердоган обраќајќи се на 13. Самит на ОИК во Истанбул изјави дека предлогот на Турција за отварање центар за полициска соработка го прифатиле 57-те членки на Организацијата.
Турскиот претседател исто така ги повика лидерите да ја поддржат иницијативата на Саудиска Арабија да се воспостави исламска алијанса против тероризмот.
- Повеќето жртви на тероризмот се муслимани, наведе Ердоган, а како извор на срам го нарече тоа што повеќето од оние кои бегаат во Европа се муслимани.
Борбата против тероризмот и мигрантската криза се двете централни прашања, кои се разгледуваат на состанокот на ОИС во Истанбул оваа недела.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска