ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ќе одговараат за анархијата во која се обидоа да ја втурнат Македонија
Опозициската СДСМ и претседателот на оваа партија Зоран Заев ќе одговараат за анархијата во која што се обидоа да ја втурнат Македонија, наведе вечерва во соопштение владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
- Тоа што криминалецот Зоран Заев го најави на Телма во режираното интервју, дивите орди на СДСМ и на Сорос почнаа вечерва да го реализираат по улиците на Скопје. Без грам совест и грижа за иднината на земјата, злосторникот Зоран Заев јасно кажа дека во Македонија се поставени сериозни темели за украинско сценарио. Истото сценарио кое во меѓусебната комуникација го најавуваа Верушевски и другите креатори, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Исход на сценариото во Украина, се додава во соопштението, досега се десетици илјади мртви и поделена држава. Поделба на Македонија, која што вчера ја побараа партнерите на Зоран Заев од Беса. Дивите орди инструирани од Заев и Сорос вечерва палеа и кршеа низ Скопје. Хулиганите предводени и поттикнати од СДСМ ја напаѓаа полицијата и каменуваа се што им се најде на патот. Идеите на налудничавиот Зоран Заев резултираа со повредени новинари и десетици искршени прозорци, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна
-
Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат
-
ФЗО се враќа на стариот концепт, ќе има само еден директор
-
Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели
-
ЦУК: Изминатото деноноќие три активни пожари
-
При претрес во Струмица пронајден е хашиш
-
Приведен кавадарчанец кој возел со 1.74 промили алкохол во крвта
-
Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош