Белградската рокенрол група „Hypnotized“ го промовираше новиот сингл „Марта“
Белградскиот рокенрол состав „Хипнотајзед“ го претстави видео спотот за песната „Марта“, вториот сингл од новиот албум, кој ќе биде објавен во текот на оваа година.
Спотот, кој ги руши сите продукциски клишеа во балканскиот регион и носи вистински рокенрол звук, премиерно беше прикажан во преполната галерија на „Штаб“ во Белград, додека пошироката публика премиерно го гледаше спотот на Ем-Ти-Ви.
Составот „Хипнотајзед” за кратко време привлече големо внимание на јавноста и љубителите на вистинскиот рок звук. Значајниот успех го постигнаа со донесување на светски стандарди за аудио и видео продукција на нашите простори.
Видео спотот за песната „Марта“ го потпишуваат контроверзниот американски режисер Марк Нава и познатиот шведски монтажер Робин Сајв, кој, меѓу останатото, соработува и со светски прославените артисти како „Продиџи“, Мадона и „Дафт Панк“.
На студискиот албум, кој го најавуваат со сингловите „Кретен“ и „Марта“, му претходеа два успешни албуми „Big Natural” од 2010. и „Нема назад” од 2013. година. За успехот на составот „Хипнотајзед” говори и фактот дека досега настапувале на најважните регионални музички фестивали како што се „Егзит”, „Супернечрл”, „Бир Фест”, „Гуча“, „Пиво Фест”, „Лејк Фест” и многу други.
Составот е основан во 2008 година во Белград и го сочинуваат шест музичари: два вокали, две гитари, бас и тапани.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран