Продолжуваат преговорите меѓу Грција и кредиторите
Претставници на грчката Влада и на нејзините кредитори попладнево ќе ги продолжат преговорите во обид да најдат решенија за разликите во врска со мерките за штедење што треба да ги спорведе Грција, откако на вчерашната средбата не беше поситгнат напредок во приближување на ставовите.
Грција очекуваше дека ќе постигне нов договор со кредиторите во текот на изминатиов векенд, но и по 10-часовните преговори, што траеја да рано изутринава, не беа усогласени ставовите околу мерките на чие спроведување инсистираат ЕУ, Европската централна банка и Меѓунардниот монетраен фонд (ММФ).
Како што јавија грчките медиуми, главни спорни прашања остануваат барањата на „тројката“ кредитори за реформи во пензискиот и даночниот систем, кон кои Атина има резерви.
Од 2010 година, па досега, Грција доби три пакети финансиска помош од меѓународните кредитори, со што ја одржа својата ликвидност и избегна банкрот, но за возврат се обврза на споведување на мерки на штедење, реформи и приватизации во јавниот сектор.
Последниот пакет помош за спас, во износ од 86 милијарди долари, хредиторите и го доделија на Грција минатото лето, но исплатата на траншите од него е условена со тековно спорведување на предвидените реформи.
Ново на Сител
-
Лидерите на институциите на ЕУ изрази жалење за смртта на папата Франциск
-
Папата Франциск сакаше поедноставена процедура за погреб
-
Примирјето заврши, експлозии во неколку градови во Украина
-
Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот
-
Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал
-
Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол