Балкан
5. April 2016 - 9:19

Нови детали: Кожата на убиецот под ноктите на Јелена

Полицијата пронајде траги од убиецот на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (32) од Борча и очекува дека монстумот наскоро ќе биде уапсен, дознава српски „Курир“.

Како што тврди нивниот извор, Јелена се борела до последен здив, а под нејзините нокти останала кожа од злосторникот.

-Според досегашните сознанија, меѓу Јелена и убиецот имало борба. Врз основа на пронајдените траги се претпоставува дека таа го изгребала по лицето и телото, па тој има и веројатно видливи траги и повреди кои настанале во текот на борбата со жртвата, вели соговорник.