Наградена македонска зелена бизнис идеја на регионален натпревар
Македонска зелена бизнис идеја првпат победи на регионалниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“ што се одржа од 24 до 27 овој месец во Боге-Косово, во организација на Фондот на Браќата Рокфелер од САД.
Носител на идејата е „Прва кооператива на потрошувачи на органска храна-Наша добра земја“ која конкурираше со проект за поддршка на мали маргинализирани земјоделци кои произведуваат хемиски нетретирана храна.
На форумот се натпреваруваа 15 зелени бизнис идеи од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Освен македонската во победничките е и српската идеја „Еко-камп од дрвени куќички“ и црногорската „Градина Еко-логика“. Најдобрите три идеи ќе добијат финансиска поддршка од 10 000 долари.
Натпреварот се спроведува на Балканот четврта година.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка