Ердоган: Не сме во војна со медиумите
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во интервју за Би-Би-Си изјави дека властите во Турција не се во војна со медиумите.
Како што јави ДПА, додека Ердоган во интервјуто дадено Вашингтон ги изнедуваше своите ставовите за слободата на медиумите, во Суд во Истанбул зад затворени врати се разгледува делото против двајца новинари од опозицискиот турски весник „Џумхуријет“, кои се обвинети за шпионажа и обид за соборување на Владата.
- Не треба да се мешаат критиките со навредите и клетвите. Јас сум отворен лидер, изјави Ердоган. - Додека ги сакаш луѓето искрено и длабоко и тие ќе те сакаат, додаде тој во интервјуто.
Неговите коментари уследија непосредно откако телохранителите на Ердоган се судрија со новинарите и група демонстранти во Вашингтон, откако од Институтот „Брукингс“, каде турскиот претседател требало да одржи говор, се обиделе да избркаат еден новинар. Инцидентот предизвикаа остри критики од страна на Белата куќа и медиумите.
Ердогна во интервјуто застана во одбрана на мерки што ги презема Владата во Анкара против критички настроените турски медиуми.
- Се треба да има граници, нагласи Ердоган.
Во Турција во моментов водат 1.845 судси процеси поради навреда на претседателот.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска