Џет-Сет
1. April 2016 - 10:48

Енрике Иглесиас во Гинисовата книга на рекорди

Шпанецот Енрике Иглесиас (40) освои две награди за своите песни и воедно е влезе во Гинисовата книга на рекорди. Сертификатите ги доби за „најдолгата број  1 позиција на топ листа“ и „најголем број 1 хитови“.

Станува збор за песните „Bailando“ која беше на врвот 41 недела, а со 26 песни го освоил прво место.

- Многу сум среќен заради ова признание. Како момче обожував да ја читам книгата на рекорди, рече пејачот Енрике Иглесиас.

Музичарот има продадено повеќе од 137 милиони албуми низ целиот свет.