Српското Обвинителство нареди истрага за „Лото скандалот“
Белградското Вишо јавно обвинителство денеска и издаде налог на полицијата да започне со прибирање на потребните информации за утврдување на сите факти и евентуална кривична одговорност во врска со скандалот со синоќешното извлекување на броевите од 59-то коло на играта на среќа „Лото“ на Државна лотарија на Србија, јави Танјуг.
Јавниот обвинител Загорка Доловац соопшти дека Обвинителството решило целосно и детално да го испита целиот случај и порача дека одговорните ќе бидат „процесуирани без разлика која функција ја извршуваат и на која позиција се наоѓаат“.
- Кога е во прашање Државната лотарија на Србија целосно сме свесни дека овој случај предизвика голема вознемиреност кај граѓаните и затоа јавноста благовремено ќе биде информирана за резултатите од истрагата, нагласи Доловац.
„Грешката“ при извелкувањето предизвика сомнеж дека играта на среќа е наместена, откако на екранот се појави број што дури потоа беше извлечен од барабанот.
Имено, по првите три броеви (4, 33, 12) беше извлечен бројот 27, но на екранот се појави бројот 21, кој дури потоа беше извлечен како петти во низата.
Државната лотарија на Србија од своја страна соопшти дека при извлекувањето на броевите на играта „Лото 7 од 39“ дошло до „техничка грешка предизвикана од човечки фактор“, односно поради лапсус на операторот ангажиран на извлекувањето, поради што по грешка на екранот бил испишан бројот 21.
Лотаријата изразува жалење поради „грешката“, додавајќи дека покрај сите процедури за утврдување на регуларноста во текот на извлекувањето, ќе ги испита и околностите што довеле до „настаната грешка, односно до превидот што се случи“.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната