„Случајот Хармс“ - премиера на Театар Комедија
За својот четврти роденден Театар Комедија во недела премиерно ќе ја изведе „Случајот Хармс“ - претстава за Даниил Хармс, еден од најконтроверзните, но и највлијателните руски автори од 20 век.
Тој се смета за авангардна икона на дисидентството, исклученоста и уметничката слобода, автор кој поради противењето на доктрината и авторитарноста на сталинизмот бил прогласен за луд и починал во затворската болница во Ленинград на 37 години.
Авторка на драматизацијата е Жељка Удовиќиќ-Плештина од Хрватска, а режисер е Дино Мустафиќ од Босна и Херцеговина. Драматургот Дарко Јан Спасов денеска на прес-конференција рече дека ова е прва премиера на Театар Комедија во 2016 година со поддршка на Министерството за култура, а втора во оваа година откако со сопствени средства театарот неодамна ја постави „Вардарски пастуви“.
Режисерот Мустафиќ кој работи во многу театри низ светот и кој во Македонија има поставено неколку претстави, за оваа постановка рече дека е неконвенционална и атипична во однос на она што е најчеста драматургија на нашите сцени.
- Се надевам дека тоа ќе и биде интересно на публиката на Театар Комедија. Имавме прекрасен процес на работа и направивме претстава за која мислам дека можеме да бидеме горди, бидејќи е сложена во својата драматургија. Тоа е претстава што многу бара во актерска смисла, затоа што е составена од низа елементи - кореографски, танцувачки, физички театар, акробатика, музика, па до слоевитоста на Хармсовиот текст, кој токму затоа што излегувал од литературните форми и конвенции, инсистира и бара едно длабоко интелектуално понирање во материјалот кој се обработува, рече Мустафиќ.
Додаде дека во неговата имагинација и апстрактност Хармс е близок на денешното време и дека иако од денешна перспектива е класик, се уште се луцидни неговите литературни импулси. - Тој е универзален писател зашто може да го играте на кој било меридијан на светот и во неговите описи, слики и хумор ќе ја препознавате сопствената отуѓеност или некој вид сопствена внатрешна миграција кога светот станува страшно вулгарен, примитивен и идеологизиран, додаде босанскиот режисер.
Авторката на драматизацијата Удовиќиќ-
- Внатре во себе тој ја има противречноста, има потреба да се спротивстави, нешто да коментира. Таа дихотомија е всушност основната карактеристика на Хармсовото творештво, но и на неговиот живот. Покрај тоа што бил неприспособен и со својот хумор ги кршел нормите, втората карактеристика е односот кон еротското, кон вљубеноста за кои тој цело време пишувал преку своето дело. Оттука, еросот и танатосот се одредница на делото на Хармс, рече Удовиќиќ-Плештина.
Во улогата на Хармс ќе биде Илија Илиоски, а покрај него во актерската екипа се и: Жаклина Петровска, Мирјана Ристов, Ева Скендеровска, Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски и Столе Мицов. Сценографијата е на Крсте Џидров, костимограф е Благој Мицевски, кореографка Саша Евтимова, а музиката е на Оливер Јосифовски.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска