Апсења во Германија по нападот во Брисел
Германската полиција уапси двајца осомничени за врски со терористичката група што ги изврши нападите во Брисел во вторникот, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според неименувани извори на весникот „Шпигел“, еден од уапсените е приведен во средата во близина на Франкфурт.
Тој пред нападите во Брисел примил две пораки преку мобилен телефон во кои се споменувало името на Калид Ел Бакрауи, терористот кој ја активира бомбата во бриселското метро.
Германското Министерство за внатрешни работи не ги потврдува наодите на весникот, според кои, примените пораки го содржеле зборот „крај“ на француски и биле примени три минути пред експлозијата во метро станицата Мелбек во Брисел.
Засега нема детали за идентитетот на вториот уапсен за врски со напаѓачите во Брисел.
Германските безбедносни служби предупредуваат дека со оглед на развиената мрежа на ИД во Европа, не може да се отфрли можноста од нови терористички напади вклучително и на локации во Германија.
Ново на Сител
-
Рускиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Кина
-
За осум часа 128 сообраќајни прекршоци на територија на СВР Скопје
-
Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност
-
Русија во текот на ноќта соборила 36 украински дронови
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила, се чека 40 минути
-
Вујко убил внук и татко на внук по што се самоубил во Прилеп
-
Венчавка на младенците на Галичката свадба
-
Сончево и топло, максимална температура до 38 степени