Ердоган е најголем медиумски шеф во Турција, тврди новинар на Џумхуриет кој се соочува со доживотна казна затвор
Турскиот новинар Џан Дундар кој заедно со свој колега е под закана за доживотен затвор за шпионажа за дело кое почнува денеска во Истанбул, зборува за притисокот врз медиуми во Турција во интервју за германската агенција ДПА.
Главниот уредник на опозицискиот весник Џумхуриет вели дека се надева оти судиите пред кои денеска ќе биде изведен, ќе бидат храбри да се спротистават на политички притисок на кој според него, е подложено судството во Турција.
На прашање каков му е ставот за состојбата во медиумите во Турција, Дундар вели дека државата „никогаш не била рај за новинарите“.
– Искрено кажано, дури и во времето на воен преврат не сме биле под толкав притисок, нагласи тој.
Додава дека за разлика од претходниците, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган создал свои медиуми и како резултат на тоа сега е најголем медиумски шеф во Турција. ,
По повод обвинувањата за шпионажа заради објавување материјали кои како што се тврди, откриваат како турското разузнавање учествувало во шверц на оружје за Сирија, Дундар вели дека весникот не открил државна тајна, туку – „лична тајна на Ердоган“.
Тој додава дека Европа дозволила голема грешка кога се вклучила во „нечиста зделка“ со Турција заради кризата со бегалците, односно – „Правете што сакате кај вас само не праќајте ни повеќе бегалци.
– Се чувствуваме жртви за тоа прашање, нагласува Дундар обвинувајќи ја Европа за премолчување на тешката ситуација со медиумите во Турција.
– Ердоган вози со полна брзина автомобил без сопирачки кон бездна, наведува новинарот според кој постои опасност од граѓанска војна во Турција.
Џан Дундар и Ердем Ѓул, главен уредник и дописник од Анкара на опозицискиот Џумхуриет ќе бидат изведени пред суд денеска. Двајцата поминаа во затвор три месеци пред да бидат ослободени во февруари по одлука на судот.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност