Албанскиот пратеник Кета: Состојбата во Голо Брдо за жалење
По реакцијата на Македонското друштво „Илинден“ и репортажата емитувана на локалната телевизија во албанскиот пограничен град Булќиза за немањето основни услови за живот во областа Голо Брдо, реагираше пратеникот за околијата Пешкопеја во албанскиот Парламент Роланд Кета.
- Во областа Голо Брдо нема патна инфраструктура, нема чиста и здрава вода за пиење, нема амбуланти. Тешка е состојбата и во Булќиза. Жителите од Голо Брдо и во Булќиза ја изгубија надежта, зашто за овие зони не е ништо направено, изјави за ТВ Булќиза пратеникот Кета.
Тој додава дека во најголемото село во Голо Брдо доаѓа лекар само еднаш неделно, а дугите денови жителите од оваа област, која ја сочинуваат 22 села се оставени, како што вели, на „волјата на Бога“. И болницата во Булќиза е во многу лоша состојба, додава Кета и нагласува дека не е реновинара повеќе од дваесет години.
Како што оценува Кета, состојбата во Голо Брдо е за жалење, поради што жителите се принудени да го нашутаат родниот крај. Тој додава дека за сотојбата зборувал во Парламентот и оти и понатаму „ќе биде гласот на жителите од оваа област за проблемите“.
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница