Теренска проверка на 89.383 лица, административна на 107.660
Државната изборна комисија (ДИК) синоќа на седница објави дека на терен ќе се проверуваат 89.383 записи, откако вчера беа направени дополнителни проверки од страна на ИТ експертите на лица кои се повторуваат по повеќе основи. Административно ќе се проверуваат 107.660 лица.
Претходно вчера Комисија објави дека ќе се проверуваат 100.436 записи од вкрстената и граѓанската проверка преку веб - апликацијата.
Комисијата на синоќешната седница усвои анекс на Извештајот од проверките во кој се наведени овие бројки. Исто така се утврди начин по постапување по пријави од граѓани од веб-апликацијата на ДИК.
Комисијата информираше дека 6.795 граѓани пријавиле неправилности во избирачкиот список преку веб - апликацијата на ДИК. Компјутерските стручњаци на ДИК ќе преземат 6.018 пријави да проверат дали некои од нив се наоѓаат во записите д вкрстената проверка по што ќе се знае колку ќе бидат проверувани на терен, а колку административно.
Државната изборна комисија денеска ги започнува обуките за овластените анкетари кои ќе ја вршат теренската проверка.
Ново на Сител
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка