Голем интерес кај граѓаните за откуп на дворовите и купување на возила
За време на презентацијата на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ се говореше за голем број на проекти кои им помогнаа на македонските граѓани.
Еден од проектите за кои имаше огромен интерес кај граѓаните е откуп на дворните места.
Груевски рече дека пред овој проект, луѓе и по 50 години биле кираџии на сопствен двор.
-Откупот на дворни места беше еден од најпопуларните проекти, овозможи луѓето да станат газди на сопствениот двор и дом. Досега 302.000 апликации има, толку семејства аплицираа. 230.000 апликации се поднесени токму од кога е намалена цената по 1 евро за метар квадратен. Досега 180.000 барања се решени, а другите се во фаза на решавање, рече вицепремиерот Ставрески.
Заменик-министерот за економија, Кристијан Делев откри дека со намалувањето на акцизите и царините во Македонија се увезени 255.000 возила.
-Оваа бројка е значајна бидејќи во голем дел го обнови возниот парк, ги направи нашите патишта да бидат посигурни. Само од почетокот на оваа година досега се увезени 2500 возила. Дополнително, не застанавме овде. Овозможивме легализација на тракторите и механизацијата и најновата мерка дозволивме тракторите да се регистрираат на 6 години, рече тој.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот