Македонија
19. March 2016 - 21:08

Груевски: СДСМ е во тотален хаос и пред пораз

СДСМ сака да создаде парцепција хаотична колку што се хаотични и нивните бројки. Тргнаа со 30.000, па 100.000. па 500.000. Ние имавме 480.000 гласови, значи сите гласови за ВМРО-ДПМНЕ, од прв до последен гласач, биле фантомски. Не знаеме за останатите 20.000 чии гласови биле, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гоствањето во Дневникот на ТВ Сител. 

- Луѓето се во тотален хаос, тие се пред пораз. По толку напори и валкани работи и ставање на расплагање на други сили со цел да дојдат на власт, тие сфаќаат дека немаат никаов успех, дека се прочитани од народот и се разобличени и дека ќе го имаат истиот пораз како што го имаа во 2014, додаде Груевски.

Ново на Сител