Јаневска: Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта
Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска откако по првото пријавување во јуни над двојно повеќе ученици се запишале во стручни училишта (9469) отколку во гимназиите (4243).
Се чекаат резултатите од второто јунско електронско пријавување што беше спроведено вчера и денеска кандидатите ги носат документите во училиштата каде што аплицирале. На крајот на денов ќе бидат соопштени резултатите од рангирањето.
Прашана за интересот, таа рече дека пријавувања има за „скопските познати гимназии“, а во една од нив веројатно ќе има и квалификациско тестирање кое според конкурсните рокови треба да се организира на 4 јули. Квалификациско тестирање или т..н приемен испит се спроведува доколку има повеќе ученици со исти бодови од успехот отколку предвидените слободни места.
-Таков е законот, такви се правилата и така и ќе постапуваме. Не гледам причина што било во овој правец да се менува. Добро е јавноста да знае, и учениците, и родителите, и наставниците - дека во еден одреден момент на животот ќе се провери знаењето на децата. Ова е еден од стимулите да знаат дека ако сакаат да учат таму каде што сакаат и да ги исполнуваат своите соништа, треба да учат во младоста, а потоа и на своето работно место, изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настан во Македонската банкарска асоцијација.
Во врска со написи дека три фирми застапници на британски издавачи за учебници по англиски јазик реагирале на повикот на МОН за учебници за овој странски јазик со оценка дека бил „дискриминаторски“, Јаневска одговори дека резултатите не се објавени и, рече, „не знам на што реагираат“.
-Не знам на што реагира кој и да е тој што реагира. Во состав на МОН е Педагошката служба и има директор. Јас како министер во овој момент ниту сакам, ниту имам право да се вмешам во овој процес, но сум одговорна за спроведување на процедурата.Како што е по закон побарано, така се постапува во Министерството, таква информација имам од директорот на Педагошката служба и верувам дека нема дилема дека тука е постапено по закон. Сите што мислат дека има некаков прекршок или за што и друго да се сомневаат, има институции во државата, слободно нека се обратат. Но избор се уште нема, не знам на што се жалат луѓето, рече Јаневска.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни