ЉУБОВ И ГРЕВ
Керим е богат бизнисмен. Живее луксузно со својата сопруга Селда и нивните деца, несвесен дека една погрешна одлука може да го промени целиот негов живот. Одлука која ќе ги разниша семејните врски и љубовта ќе ја претвори во грев. За да се оддолжи на човекот што му го спасил животот и починал, Керим ќе реши да ги донесе вдовицата и ќерката на тој човек во неговата куќа. Имено, Фатма и ќерката Несрин доаѓаат во вилата на богатото семејство, кое од друга страна е изненадено што сосема непознати и сиромашни луѓе ќе живеат под нивниот кров. Тие насетуваат дека дојденците не се такви какви што навидум изгледаат и сето тоа набрзо ќе им се удри како бумеранг.
Несрин е маѓепсана од богатството и раскошот во куќата, од манирите и облеката на госпоѓата Селда, од животот кој го живеат тие луѓе. Нејзината болна амбиција ќе ја надмине скромноста, а желбата за пари и моќ ќе ја одведе во погрешна насока. Затоа, Несрин ќе го заведе Керим со цел да се омажи за него и да стане идната господарка на куќата.
Класична драма за гревот што ќе ја надвладее и љубовта. За лудоста да се има она кое не смее, за опсесијата да се растури она што е најсвето.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево