САД и Украина го потпишаа договорот за пристап до ретките минерали
САД објавија дека е потпишан договор со Украина за инвестициски фонд за реконструкција
Американското Министерство за финансии синоќа објави дека САД и Украина потпишаа договор за формирање „инвестициски фонд за реконструкција“ по неколку недели тешки преговори за пристапот на САД до природните ресурси на Украина.
Како признание за значајната финансиска и материјална поддршка што народот на САД ѝ ја даде на Украина за време на инвазијата на Русија, ова економско партнерство ги доведува нашите две земји да соработуваат и да инвестираат заедно за да се осигура дека нашите ресурси, таленти и способности можат да ја забрзаат економската реконструкција на Украина, се навдува во соопштението, без да се наведува содржината на договорот.
Во Киев вчера беше објавено дека Украина е подготвена да го потпише овој важен договор за минералните ресурси со САД.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп вршеше притисок за склучување на договорот. Трамп долго време изјавува дека ги сака украионските ретки минерали за САД како услов за натамошна помош за оваа земја во војната со Русија, што трае повеќе од три години
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска