Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
Во координирана акција помеѓу РЦ за ГР Југ – ОПКМСР, ПС за ГН Михајлово, ОВР Неготино – НК за КР, Оддел за криминалистичка полиција при БЈБ и СВР Скопје, вчера (27.04.) во Неготино беа откриени и запленети 283 килограми тутун, спакуван во пакувања од по 450 грами, и притоа приведени се три лица осомничени за кривично дело по член 278 – б „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 279 – б „Избегнување на плаќање на Акциза“ согласно КЗ на РСМ.
Имено вчера околу 07,30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Михајлово на Автопатот Градско-Неготино во близина на Црвени Брегови биле забележани две патнички моторни возила со скопски регистарски таблички, ,,Шкода Октавија“ и „Ауди А6“ кои што напоредно се движеле по патот. На знак „стоп“ возилото „Шкода октавија“ не запрело ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, но набргу од страна на полициски службеници било сопрено во градот.
Од извршениот преглед на возилото управувано од лицето С.Ф. (30) од село Љуботен, скопско, било констатирано дека возилото е натоварено со 29 црни вреќи во кои имало жолти пакувања од 450 грама тутун (вкупно 283 килограм) без никаква документација за потеклото, со што е причинета материјана штета на буџетот во вреднос од 2.704.340,05 денари.
По насоки на надлежен ЈО набргу се приведени и двете лица кои што биле во патничкото возило „Ауди А6“, Р.Ф. (37) од село Љуботен скопско и возачот на истото С.А.(41) од Скопје.
На лице место извршен е увид од страна на инспектори од ОПКМСР при РЦ за ГР Југ и НК за КР при ОВР Неготино. По целокупното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
-
Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност