ФФМ: Целосно ќе го исчистиме ѓубрето во македонскиот фудбал
На вчерашниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин - свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар.
ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот.
Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите.
Вистината е документирана: во официјалниот записник е наведено дека уште предвреме претставник на ФК Гостивар ги известил судиите дека екипата ќе се повлече доколку резултатот не биде во нивна корист.
Овој чин е смислен и намерен обид на одредени поединци кои поради финансиски побуди и неисполнети очекувања, избираат на најгруб начин да ја манипулираат јавноста и да ја деградираат фудбалската сцена.
Очигледно е дека последните одлуки на Управниот одбор на ФФМ во кои јасно беше најавено расчистување со криминалот и корупцијата во македонскиот фудбал се директна причина за оваа срамна постапка.
Тие кои со години беа навикнати на привилегии, денес, кога владеат правилниците, транспарентноста и фер-плејот, не можат да функционираат во регуларен систем.
И покрај оваа неодговорна и кукавичка постапка, ја уверуваме јавноста дека регуларноста на Прва МФЛ нема да биде нарушена. Првенството ќе продолжи по правилата и прописите од натпреварувањето.
Криминалните структури и ѓубрето во фудбалот ќе бидат целосно исчистени.
Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи уцени и притисоци.
Напротив - ФФМ ќе излезе уште посилна од овие координирани подземни постапки што интензивно се случуваат во последните денови.
Воска и Гостивар нема да бидат тие што ќе го валкаат македонскиот фудбал. Тие не го создале овој фудбал за да имаат право да го уништуваат. Секако, ќе завршат таму каде што навистина заслужуваат.
Нашата борба за чист фудбал нема враќање назад. Одиме до крај за регуларен, чесен и достоинствен македонски фудбал!
Ново на Сител
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови