Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим на социјалната мрежа Х објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот.
Тој соопшти дека завршувањето на војната во Украина е цел што ја делат со американскиот претседател Доналд Трамп и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за да постигне примирје.
„Сега е до претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на 'коалицијата на добронамерните', започната во Париз минатиот март, со цел да се постигне прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“, напиша Макрон.
Зеленски се сретна и со Трамп и британскиот премиер Кир Стармер, кој присуствуваше на погребот на папата Франциск во Рим, а Елисејската палата објави дека средбите поминале добро.
Трамп претходно изјави дека Крим ќе остане руски, според предложениот мировен план за крај на војната во Украина. Во интервјуто за магазинот „Тајм“ по повод неговите 100 дена во Белата куќа, Трамп кажа дека Русија немаше да го анектира Крим во 2014 доколку тој беше претседател на САД во тоа време.
Во средата, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс кажа дека мировен план предвидува блокада на членството на Украина во НАТО и замрзнување на линиите на фронтот блиску до она каде што се наоѓаат сега.
Ново на Сител
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
-
Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот
-
Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во стан во Ѓорче Петров