Шојгу: Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија од Западот
Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија против неа или Белорусија, вклучително и употреба на конвенционално оружје, изјави денеска секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу.
„Во ноември 2024 година, беа направени измени во Основите на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното одвраќање, според кои Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа или врз Република Белорусија, вклучително и употреба на конвенционално оружје“, рече тој.
Според Шојгу, Русија „будно ги следи воените подготовки на европските земји“.
„Во согласност со Националната безбедносна стратегија на Руската Федерација, во случај странска земја да изврши непријателски дејствија што претставуваат закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Руската Федерација, нашата земја смета дека е легитимно да се преземат симетрични и асиметрични мерки неопходни за сузбивање на таквите дејства и спречување на нивното повторување“, потсетуваат руските медиуми.
Нуклеарното одвраќање „се спроведува во однос на државите и воените коалиции кои Русија ги гледа како потенцијален непријател и поседуваат оружје за масовно уништување или значителен борбен потенцијал на силите за општа намена“.
Дополнително, ваквите акции се однесуваат и на земјите кои обезбедуваат своја територија и ресурси за подготовка и спроведување на агресија против Руската Федерација.
„Задачите за обезбедување на интегритетот на обединетата одбранбена област на Русија и Белорусија, заедничкото спроведување на стратешките мерки за одвраќање се содржани во безбедносниот концепт на Сојузната држава и Договорот меѓу Руската Федерација и Република Белорусија за безбедносни гаранции усвоен во декември 2024 година, што беше развиен со директно учество на советите за безбедност на двете земји“, рече Шојгу.
Ново на Сител
-
Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец
-
Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан и погонот Фордо се оштетени во американските напади
-
Хатами: Како и секогаш САД ќе добијат решителен одговор за злосторството против Иран
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија
-
Манчестер сити убедливо го порази Ал Аин на Светското клупско првенство
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија