Во текот на вчерашниот ден санкционирани 865 возачи, 128 за неносење заштитен шлем
Вчера (23.04.) во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, а во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 865 платни налози.
Според статистичката евиденција по однос на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање (213), потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената (117), како и прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола (110).
Покрај ова, вчера беа изречени и 128 прекршочни платни налози за мотоциклисти по основ на неносење заштитен шлем, потоа во четири случаи казнети се алкохолизирани возачи, седумина возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле и петмина пешаци.
Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 47 прекршочни казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење – 25. Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 33 нерегистрирано возило како и 10 технички неисправни возила.
Ново на Сител
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија
-
Манчестер сити убедливо го порази Ал Аин на Светското клупско првенство
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија
-
Бублик го совлада Медведев за титулата во Хале
-
Милан бара од 15 до 18 милиони евра за Мората
-
Терористички напад во грчка православна црква во Дамаск, најмалку 15 мртви