Сочувство од архиепископот Стефан за упокојувањето на папата Франциск
Поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан испрати писмо со сочувство за упокојувањето на папата Франциск до кардиналот Кевин Јозеф Фарел во Светата Столица.
- Со длабока тага, но и со силна надеж во Воскресението, токму во овие денови на взаемна пасхална радост на сите христијани во светот, ја примивме веста за упокојувањето на Наговата Светост, папата Франциск. Дозволете Ни од свое име, и од името на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и од името на сета полнота на нашата Помесна Православна Црква, Вам, на клирот и на сите католички верници насекаде по светот, како и на сите луѓе кои ги почитуваа личноста и делата на папата Франциск, да Ви изразиме искрено сочувство по повод на неговото упокојување, наведува архиепискотот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Како што посочува, понтификатот на папата Франциск, во историјата на Католичката Црква ќе биде запаметен по неговото трезвено разбирање на проблемите со кои се соочува современото човештво, по неговиот постојан напор за воспоставување взаемен дијалог и мир помеѓу народите, по неговата отвореност кон луѓето кои што страдаат и храброто и смерно соочување со наследените предизвици, со неговото неуморно сведочење на евангелската светлина, на нагласената отечка и архипастирска сострадалност, како и на едноставната, тивка и искрена проповед на милоста Божја, со кои беше украсена неговата личност.
- Неговата Светост, папата Франциск, во историјата на македонскиот народ ќе остане запаметен како единствен папа кој посака и ја посети Република Македонија. Го молиме Бога, Кој владее над живите и мртвите, да го упокои папата Франциск и да направи споменот да му биде вечен, наведува поглаварот на МПЦ-ОА.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска