Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов се надева дека по локалните избори ќе биде заокружен процесот на основање на институцијата во која би се обединиле надлежностите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.
Во телевизиско гостување, Ангелов вечерва изјави дека треба да се променат 19 закони и дека е формирана работна група во Владата предводена од вицепремиерот Љупчо Димовски која веќе работи на оваа проблематика.
- Се работи на спојување, односно би рекол формирање на нова институција која ќе ги обедини функциите на двете постоечки. Разликата кај новата институција е тоа што таа би имала координациска и командна улога бидејќи во овој момент ние како ЦУК координираме, но немаме командна улога, рече Ангелов.
Очекува ова лето да бидат на располагање и трите „ер трактори“ за гаснење на пожари заедно со тројца пилоти, а за потпорниот ѕид што се урна кај Детската клиника во Скопје, рече дека е донесена одлука на Владата да се одвојат средства од Буџетот за санирање.
- Состојбата е специфична, но јас сум оптимист. ДЗС е обезглавена, но Владата работи на изнаоѓање на решение. Убеден сум дека годината во текот на летото ќе ги имаме трите „ер трактори“ заедно со тројца пилоти, рече Ангелов.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал