Најмногу дожд во Прилеп и Берово, утринските температури од 6 до 12 степени
Најниска температура од 6 степени утрово е измерена на Попова Шапка, а највисока од 12 во Демир Капија и Гевгелија.
Според утринскиот извештај на УХМР, во 8.30 часот се измерени 8 степени во Берово, Крушево и Маврови Анови, 9 во Крива Паланка, 10 степени во Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, Виница, Струмица и Кавадарци, 11 во Скопје, Велес и Штип.
Во изминатите 24 часа, најмногу наврнат воден талог има во Прилеп и Берово (5 литри на квадратен метар), 3 во Крива Паланка, Куманово, Охрид и Крушево, 2 во Претор, Штип, Виница, Велес, Кавадарци, Маврови Анови, Тополчани и Пожар-Радовиш, 1 литар на квадратен метар во Скопје, Битола, Демир Капија, Струмица, Тетово, Пожаране и на Попова Шапка.
Според прогнозата на УХМР, денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува.
-Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе достигне 17 степени.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал