Уапсен 33 годишник во Тетово, возел со 193 километри на час
На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61).
За време на контролата по член 297А - безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица (ТЕ-5 и ГВ-2). На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, од слобода бил лишен М.Б.(47) од с.Челопек, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ровер“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 178 км/час на место каде што дозволената брзина е 100км/час.
На истото место од слобода била лишена Р.А.(42) од Тетово, која управувала патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 172 км/час. Исто така, кај наплатната станица Желино од слобода бил лишен А.А.(33) од с.Раковец, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 193 км/час.
На автопатот Скопје-Тетово, кај местото „Студена вода“ од слобода бил лишен В.З.(24) од с.Желино, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 179 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час и С.Ш.(30) од Тетово затоа што управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 177 км/час.
Додека, на патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен А.М.(42) од Скопје затоа што управувал патничко возило ,,бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и Н.Б.(54) од Охрид затоа што управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час.
Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал
-
Осум повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија
-
ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор
-
Вработените на ЗОО Скопје ја бараат платата за март, СОНК повика итно да им се исплати
-
Приведен возач од Дебар, возел со 2,77 промили алкохол и без возачка дозвола
-
Мицкоски: Економијата е консолидирана, настапува период на развој и реализација на стратешките цели