Таткото на Вања одби да одговара на прашањата за Палевски
„Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој денеска сведочеше во Основен кривичен суд Скопје. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не одговара на прашањата од Палевски.
- Јас како што веќе кажав, ниту ве знам ниту ве познавам, прв пат ми бевте посочен во полициската станица како монструм, прв пат ве видов тука во судницата, за прв пат во живот, никогаш не сум контактирал со вас, ниту пак познавам од втора рака човек што ве познава вас, вклучувајќи го и моето семејство и би сакал да искористам, ако постои такво право, да не одговарам повеќе на ваши прашања, секој мој нареден одговор ќе гласи исто, рече тој.
Судот одлучи испитувањето да продолжи, а Александар на секое наредно прашање од Палевски, одговори со „немам коментар“.
Помеѓу прашањата, имаше прашање „дали сте чуле од таткото на Вања, Ванчо Лазаров, или кој било сопственик на станот дека имал каков било проблем со мене во врска со предметните станови“ и „доколку јас и вие сме биле во дослух од користољубие како причина, да ја примораме Зорица Ѓорѓевска да даде пари како што е наведено во обвинението нели е логично да биде убиена Зорица Ѓорѓевска, а не враќа Ѓорѓевска, како законски старател ќе наследите сѐ, ќе се реализираше користољубието затоа што двете деца се малолетни, така ли е“.
По неколку „немам коментар“, Палевски искоментира дека, како што рече „поради човечки однос ќе престанам со прашања бидејќи Ѓорчевски е вознемирен“, на што бранителот на таткото на Вања, посочи дека може слободно да продолжи.
- Бидејќи обвинетиот Александар Ѓорчевски е возбуден ќе престанам со прашањата. Се работи за човечки однос. Завршено е со мене. Не сакам да поставувам прашање кога го вознемирувам човекот за кој сметам дека е неправедно осуден, рече Палевски.
Потоа постави прашања во насока на тоа зошто ниту во обвинението, ниту во прашањата од обвинителството не се споменува час на испратени пораки.
Прашан „Во колку часот сте пратиле порака на децата да се облечат заради ниските температури, затоа што намерно, во текот на целата истрага, не се користи часовник, туку само денови општо, а многу е важно заради изјавите кои ги давале другите обвинети, а се единствени причини вие да бидете обвинет, затоа сметав дека е важен часот затоа што сте неправедно обвинет“, одговори „немам коментар“.
Останатите обвинети и одбраната, како и Судот, немаа прашања за Ѓорчевски.
Претходно, таткото на Вања одговараше на прашања од Обвинителството кое се обидуваше да го дисквалификува. Тој одговараше на вкрстени прашања поврзани со неговиот живот, исчезнувањето на Вања и потрагата по неа. Ја критикуваше полицијата, наведувајќи дека не видел конкретни чекори за пронаоѓање на Вања.
Судењето продолжува в понеделник, на 14 април, со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата