Директор на Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа на Менхетен
Шест лица, семејство шпански туристи и пилотот, загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон кај брегот на Њу Џерси.
Меѓу жртвите, според полициски извори, е и Агустин Ескобар, директор од Сименс, заедно со неговото семејство.
Како што изјави комесарот на њујоршката полиција Џесика Тиш, повикот до итната помош пристигнал во 15:17 часот.
„Пријавена е хеликоптерска несреќа во реката Хадсон во близина на паркот Пјер А во Хобокен, покрај брегот на Њу Џерси. По пристигнувањето полицијата од водата извадила четири лица, а пожарникарите уште две. Четири лица беа прогласени за мртви на местото на настанот, а две беа пренесени во болница“, рече Тиш.
Градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп изјави дека две деца биле пренесени во болница, но лекарите не успеале да ги спасат.
Хеликоптерот полетал од хелиодром во Долен Менхетен во 14 часот и 59 минути, се упатил кон југ, а потоа свртел на север по брегот на Менхетен и реката Хадсон. „Во 15:08 часот стигна до мостот Џорџ Вашингтон, а потоа се сврте и полета по брегот на Њу Џерси, каде набрзо изгуби контрола“, рече Тиш.
Федералната управа за авијација (ФАА) и Националниот одбор за безбедност на транспортот (НТСБ) започнаа заедничка истрага.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче
-
Честитка од рускиот патријарх Кирил до архиепископот Охридски и Македонски Стефан
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“
-
Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД
-
Руски медиуми: Рубио ќе присуствува на воената парада во Москва
-
Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп
-
Сончево и топло, попладне пороен дожд