Сите основни училишта во државава ќе добијат примерок од македонскиот Правопис
По иницијатива на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во соработка со НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, почнува акција за дистрибуција на примероци од Правописот на македонскиот јазик во сите основни училишта низ државата.
- Оваа активност е важен придонес кон подобрување на наставниот процес, подигнување на јазичната култура кај учениците и зачувување на македонскиот јазик како суштински дел од нашиот национален идентитет. Акцијата следи откако во депоата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје беа откриени 2 600 примероци од второто издание на Правописот, кои цели седум години не биле дистрибуирани и биле чувани во несоодветни услови, иако првично биле наменети за сите јавни установи и институции, како и за лекторатите и библиотеките во земјава и странство, се наведува во соопштението од Кабинетот на Ѓорѓиевски.
По остварената средба меѓу претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски со директорот на НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, Јовица Никчевски, како што се наведува во соопштението, се става крај на евидентираната институционалната негрижа и се обезбедува сите училишта во државата да поседуваат Правопис, ставен во функција на образовниот процес и грижата за македонскиот јазик.
- По извршен увид во архивата и документацијата на Библиотеката, утврдено е дека во 2018 година НУБ „Св. Климент Охридски“ аплицирала и добила проект од областа на заштитата на културното наследство (библиотечна дејност) од национален интерес од Министерството за култура за Правописот на македонскиот јазик. Вкупно 2 600 примероци требало да стигнат до сите јавни установи и институции во Република Македонија, како и до лекторатите и библиотеките надвор од државава, што очигледно не се случило, истакнал Ѓорѓиевски.
НУБ ,,Св. Климент Охридски” ќе достави 1000 примероци на ЗЕЛС кои ќе бидат распределени во сите основни училилишта во земјава, а ќе бидат опфатени и сите 950 на централните и подрачните училишта.
- Македонскиот јазик е нашето непроценливо богатство, темелот на нашиот идентитет и мораме да го сочуваме како нешто најсвето! Сакам да изразам огромна благодарност до директорот Јовица Никчевски, за неговата посветеност и грижа за зачувувањето на делата кои се од непроценлива вредност за нашата држава. Ова значајно издание на македонскиот Правопис наскоро ќе биде достапно за нашите најмлади, бидејќи тие се оние преку кои нашиот јазик, нашето најголемо културно и духовно наследство ќе живее, изјавил претседателот на ЗЕЛС.
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита