Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција
На 09.04.2025 во реонот на државната граница кај село Танушевци, скопско, од косовска и македонска страна на границата, Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ и Граничната полиција на Косово преземале заедничка и кооординирана акција за спречување на шверц со разновидна стока.
Притоа, на косовска страна била извршена контрола на возило комби „фолксваген“ со косовски национални ознаки и биле пронајдени повеќе од 100 пакети текстилна и друга стока, по што од слобода бил лишен возачот.
Подоцна, по извршена контрола на напуштени објекти околу граничната линија, полициски службеници во село Танушевци околу 19.00 часот пронашле повеќе од 130 кутии со разновидни обувки, како и околу пет кубни метри исечено огревно дрво.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, кутиите со обувки ќе бидат предадени на Агенција за одземен имот, а дрвата на Шумска полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Јордан
-
Дебата во Собранието за намалување на процентот на репрезентативност на синдикатите во ЕСС
-
Регионалниот центар за гранични работи Исток расчисти случаи на кражба на огревно дрво и незаконски транспорт на дрва
-
Муцунски во посета на Париз, фокусот на реафирмирање на француската поддршка за евроинтеграциите
-
МВР: 25 земјоделци и 2 претпријатија измамени од вкупно 141.650 евра
-
Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ
-
Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби
-
Почина тригодишно дете од Кавадарци