Директори злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на две беровски училишта за вкупно 1.171.000 денари
СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) поднел кривична пријава против Д.П.(64) од село Владимирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.1 од КЗ, а во врска со чл.114 ст.1 ал.4 од законот за јавни набавки.
Од МВР денеска соопштија дека пријавената, како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2023/2024, потпишала договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетила буџетот на училиштето за околу 560.000 денари.
Исто така, СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднел кривична пријава против С.К.(52) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.1 од КЗ, а во врска со чл.114 ст.1 ал.4 од Законот за јавни набавки. Пријавениот, како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2022/2023 потпишал договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетил буџетот на училиштето околу 611.000 денари.
Ново на Сител
-
Затворите се пренатрупани, во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор
-
Искршени сликите на петмината трагично загинати штипјани во Кочани | ФОТО
-
Уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство
-
Приведени три лица од велешко, пронајдено оружје и муниција
-
Приведен кумановец, возел со 1.73 промили алкохол во крвта
-
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдена марихуана и семки од канабис
-
Предлогот за гувернер денеска нема да биде доставен до Собранието, ќе биде познат следниве денови