Кривична пријава за едно физичко и две службени лица поради проневера во службата
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и одговорно лице во правно лице и против две службени лица поради основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Проневера во службата“ и „Несовесно работење во службата“.
Како што информира Управата за финансиска полиција, се работи за првопријавениот Д.П. во својство на управител и одговорно лице во правно лице Пин Петрол ДОО Куманово, кое врши работи од јавен интерес согласно Законот за возила на РСМ. Тој иако бил свесен дека од страна на Пин Петрол ДОО Куманово не се врши редовна и перманентна уплата на парични средства по основ на надоместок за јавни патишта кон Јавното претпријатие за државни патишта согласно месечните извештаи за ставки од Регистрација според вид и подкатегорија на возила од надоместокот за Јавни патишта ја злоупотребил својата службена положба и овластување доверена од Јавното претпријатие за државни патишта со Договор за извршување работи за наплата на надоместокот за употреба на јавните патишта (патна такса), а за кој претходно Пин Петрол ДОО Куманово има добиено овластување од Министерството за внатрешни работи да врши технички преглед на возила, на начин што спротивно на обврските од Договорот не извршил контрола и не преземал никакви мерки и дејствија за реална уплата кон Јавното претпријатие за период од 1 август 2019 до 30 септември 2024 година.
Второпријавената е Г.С.П., која во својство на службено лице во АД за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија во државна сопственост - Скопје, Договорна пошта Куманово со правниот субјект Пин Петрол ДОО Куманово, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, наплатените парични средства од правни и физички лица на име надоместок за јавни патишта ги присвоила за себе. Средствата требало да ги уплати на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта преку Договорната пошта, а за што била должна согласно Договор за вработување во Пин Петрол и Договор за извршување работи за наплата на патна такса на Пин Петрол склучен со ЈПДП.
Второпријавената, како што се наведува, извршила фалсификување на налози за уплата со цел на дознака Фонд на патишта кои се регистрирани во системот за наплата на АД Пошта под ист референтен број за две различни лица кои извршиле уплата и со тоа предизвикала штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.
Третопријавената Н.С. во својство на службено лице во Јавното претпријатие за државни патишта, постапила несовесно при вршењето на своите овластувања и должности. Таа пропуштила должна контрола и надзор на разликата помеѓу приливите од станицата за технички преглед Пин Петрол Куманово по основ Патна такса и покрај тоа што на увид ги имала месечните извештаи од станицата за технички преглед каде е наведено колкав износ по горенаведениот основ е наплатен од нивна страна, со што предизвикала штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.
Со овие дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта во вкупен износ од 22.294.343,00 денари.
Ново на Сител
-
Прегледани 745 апликации на јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
-
Руски агент во Киев осуден на 15 години затвор за насочување напади во близина на Покровск
-
САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина
-
Венс: Војната во Украина нема брзо да заврши
-
Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче
-
Честитка од рускиот патријарх Кирил до архиепископот Охридски и Македонски Стефан
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“