Филков-Божовиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи
Министерот за правда Игор Филков денеска оствари работна средба со неговиот колега од Црна Гора, Бојан Божовиќ, со кој потпишаа заедничка изјава за соработка во областа на владеењето на правото и независноста на судството.
Филков истакна дека двете држави делат многу сличности во процесот на реформи, особено во рамки на евроинтеграцијата и затоа, како што рече, на средбата биле разменети искуства и практики кои ќе помогнат во надминување на предизвиците на патот кон Европската унија.
– Со министерот Божовиќ потпишавме заедничка изјава за соработка во областа на владеењето на правото и независноста во судството која ја реафирмира нашата заложба и размена на искуства во неколку клучни области. Тоа се зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството во контекст на ЕУ интеграцијата; подобрување на судската независност и правната сигурност; заеднички напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал; поддршка за правни реформи и зајакнување на институциите вклучувајќи можности за институционална и финансиска поддршка; дигитализација на судските процеси и зголемена транспарентност преку е-услуги, изјави Филков.
Црногорскиот министер за правда посочи дека двете земји немаат отворени прашања и дека соработката би можела да се продлабочи повеќе, со оглед на успешната соработка во делот на владеењето на правото.
– Како што веќе знаеме Црна Гора и Северна Македонија немаат отворени прашања, но имаат простор за тесна и успешна соработка особено во делот на владеењето на правото. Оваа соработка може да биде навистина многу интензивна, а тоа се гледа во нашите заеднички заложби на патот кон ЕУ. Денеска видовме дека Министерствата за правда навистина можат заедно да соработуваат на сите технички и експертски полиња, а тоа навистина може да резултира со членство во Европската унија, рече Божовиќ.
На новинарско прашање за тоа дали Црна Гора има добиено некакви гаранции по вчерашната посета на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Каја Калас, Божовиќ рече планот на Црна Гора е до крајот на 2026 година да ги затвори сите преговарачки поглавја, а во 2028 година да влезе во Европската унија.
– Планот е Црна Гора до крајот на 2026 година да ги затвори сите преговарачки поглавја. Република Хрватска не даде согласност за затворање на едно поглавје, тоа е 31-то, кое се однесува на надворешната политика. Преговарачкото поглавје е едно од последните кои инаку се затвораат, така што, верувам дека преку дијалог со Република Хрватска ќе ги решиме сите отворени прашања, рече Божовиќ.
Министерот Филков, пак, прашан дали смета дека бил добро образложен предлогот до Советот на јавни обвинители за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кусо одговори дека „апсолутно бил добро образложен“.
Ново на Сител
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна