Тошковски за апсењето на членот на обезбедување на премиерот: МВР неселективно се бори против криминалците во своите редови
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со случајот за уапсениот член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“, истакна дека ова е еден од случаите каде што МВР покажува дека неселективно се бори против криминалците во своите редови.
- Многу кривични пријави во минатото се поднесени против криминалците во редовите на МВР, така е постапено и во овој случај. Одделот за внатрешна контрола во рамки на спроведувањето на истрагата по добиени информации во рамки на одделот известил надлежен јавен обвинител кој што се согласил и дал наредба да бидат преземени дејствијата истата вечер. По спроведување на предметната акција, извршени се и повеќе претреси кај полициски службеници исклучиво од страна на Одделот за внатрешна контрола при што се пронајдени одредени докази во насока на стореното кривично дело, посочи Тошковски во изјава за медиуми по јавната дебата по повод Неделата на пешаците што се одржа во Идризово.
Додаде дека македонските граѓани заслужуваат полиција која што ќе ги штити.
-Сакам да им порачам на сите оние недобронамерници и предавници на својот род, имајќи предвид на криминалците во МВР дека неселективно и бескомпромисно ќе се бориме против истите. Македонските граѓани заслужуваат полиција која што ќе ги штити, а не која што ќе ги рекетира, рече тој.
На прашањето дали е вознемирен што токму од нивните редови доаѓа овој случај, одговори дека сите во МВР се вознемирени.
- Сите во МВР се вознемирени кога гледаат дека некој криминалец се прикривал со униформа, без разлика дали таа униформа е свечена, тактичка или униформа која што ја носат припадниците на одделот за обезбедување на имот и лица, посочи министерот.
Тошковски не сакаше да открие повеќе детали од истрагата, посочувајќи дека кога ќе ги имаат потребните информации ќе ги споделат со јавноста.
Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, Ангел Сарамаков, беше уапсен и му беше одреден 30-дневен притвор. Сарамаков, кој е полицаец од 6-тата Управа на МВР, е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“.
Ново на Сител
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога