Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на циклус обуки за едукација на потрошувачите за безбедноста на храната. Во петокот, во скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин, педесеттина ученици од трета и четврта година, присуствуваа на првата едукативна работилница која ја одржаа државните советници на АХВ, Радмила Николовска и Светлана Колариќ и раководителот на Одделение за управување со ризик Никола Савовски.
Темите кои беа обработени, а кои учениците ги следеа со големо внимание се однесуваа на означување на храната, употреба на спортска храна и додадтоци во храната, користење на енергетски пијалаци и можните несакани ефекти од нивно користење.
АХВ има за цел да обезбеди постојана грижа за заштита на здравјето на луѓето од болести кои се пренесуваат преку храната, заштита на потрошувачите од заблуда и нивно отворено, чесно и навремено информирање за можни опасности од храната, заштита на здравјето на животните и нивната благосостојба, како и заштита на животната средина од загадување со отпад од животинско потекло, преку контрола на спроведување на прописи усогласени со стандардите на ЕУ како и меѓународните стандарди ратификувани од Република Северна Македонија – беше истакнато на предавањето.
Акцент во предавањата беше ставен на објаснување на нутритивните и здрав ствените тврдења, користењето на додатоците, а објаснети беа и несаканите штетни дејства кои може да настанат поради мешање на енергетските пијалаци со алкохол. Беше упатен и апел до учениците да бидат совесни како потрошувачи и да не наседнуваат на непроверени и непотврдени информации за продажба на додатоци во исхраната, разни чаеви за слабеење и слично преку социјалните мрежи и веб платформи на нерегистрирани /неодобрени оператори, бидејќи производите кои таму се нудат можат да бидат и штетни за нивното здравје.
Според планираното, АХВ ќе одржи вакви работилници наменети за средношколците и во други градови во земјава. Едукацијата се спроведува согласно Програмата на Владата за заштита на потропшувачите.
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита