Таравари: Не планираме да излеземе од Владата
Министерот за здравство и еден од лидерите во Коалицијата ВЛЕН која ја сочнуваат четири партии, Арбен Таравари ја повтори оценката дека коалицијата функционира недоволно синхронизирано, и оти очекува тоа да се поправи, но и дека не размислуваат да си заминат од Владата.
- Засега не, и не планираме да излеземе од Владата, рече Таравари на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството за здравство каде информираше за состојбата со лекувањето на пациентите повредени во пожарот во Кочани.
Тој посочи дека на вчерашното гостување во емисија на националниот сервис, кажал дека има едно незадоволство од функционирањето на ВЛЕН кое што се должи, вели, на несинхронизираноста меѓу партиите во Коалицијата која е дел од Владата.
-Тешко е кога е една партија, а камоли кога се четири. Така што ни треба подобра коодинација, оти впечатокот е лош кај народот дека не делуваме како што треба. Има доверба во Владата 70 отсто, а на прашањето колку сте задоволни од ВЛЕН во Владата, е околу 30 и нешто. Мислам дека недостасува таа добра синхронизација. Се надевам дека тоа ќе се поправи во идниот период, вели Таравари.
Што се однесува до комуникацијата со опозициската ДУИ, кажа дека таа постои во Парламентот меѓу пратениците, оти сите пратеници без оглед од која партија доаѓаат комуницираат едни со други.
Во однос на евроинтеграцијата на државата Таравари исто така ја повтори оценката дека не гледа во скоро време продолжување на евроинтегративниот процес без помош од олеснувачи од повеќе страни.
-Премиерот Мицкоски со право има одредени услови кои што ги бара за да се случат уставните промнеи. Јас мислам дека сосема е во право тука. Без согласност од ВМРО-ДПМНЕ не можат да се случат уставни промени. Така што треба да се разгледаат опции кои што се можни за да се фасилитира и да се помогне овој процес од сите страни за да Македонија што побрзо ги започне преговорите со ЕУ, нагласи Таравари.
Таравари синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ искажа јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Според него, коалицијата ВЛЕН функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација. Таквото мислење, како што вели, не било само негово лично, туку го темели и на анкети спроведени пред сѐ меѓу Албанците во земјава.
- Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо за нас, дека ВЛЕН има многу слаба позиција во Владата. Само што направив три анкети, кај Албанци генерално анкетирани. Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека ВЛЕН не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата, кажа Таравари.
Тој дообјасни дека кога зборува за претставувањето на Албанците во Владата не мисли на квантитетот, туку на квалитетот.
Ново на Сител
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати