Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
Претседателот на САД, Доналд Трамп, може да заврши во затвор доколку на следните претседателски избори победи кандидатот од Демократската партија, изјави Стив Бенон, поранешен советник на Трамп за изданието „Хил“.
Републиканците сè уште се во еуфорија од резултатите на ноемвриските избори, но всушност, партијата всушност е во состојба на војна, истакна Бенон. Ако демократите победат во 2028 година, Трамп може да се соочи со затворска казна.
-Се залажуваме ако мислиме дека демократите нема да направат сè што е можно за да го сопрат претседателот Трамп, дека нема да ги искористат сите средства потребни за импичмент, додаде Бенон, кој беше советник за време на првиот претседателски мандат на бизнисменот.
Тој не прецизираше по кои обвиненија Трамп би можел да биде испратен во затвор. Бенон исто така предупреди дека демократите ќе настојуваат да го отстранат Трамп од функцијата доколку во 2026 година ја вратат контролата врз Претставничкиот дом.
За време на мандатот на демократот Џо Бајден, против Трамп беа покренати четири кривични постапки. По настаните во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година тој беше обвинет за мешање во претседателските избори во 2020 година. Потоа, тој беше обвинет за обид за поништување на поразот на изборите во сојузната држава Џорџија; за фалсификување документи поврзани со исплати за порно актерката Сторми Даниелс, како и за незаконско чување доверливи документи. По неговата победа на изборите, против администрацијата на Трамп беа поднесени многу тужби поради радикалните одлуки за масовно отпуштања на државни службеници или депортацијата на мигранти.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска