Николоски: Направени контроли на над 3 100 лиценци, во постапка на одземање се 479 поради неправилно работење
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека од досега исконтролираните над 3 100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица.
Оваа листа, како што истакна Николоски, ќе биде доставена до соодветните институции за натамошно постапување.
Тој најави и законски измени со кои овие контроли ќе бидат обврзни на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа. За следните контроли, дополни, жалбата нема да го одложува извршувањето, односно суспензијата ќе оди веднаш.
- Целта не е да казнуваме, туку компаниите кои доброволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, да ги исполнуваат. Феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги исполнуваат условите, а потоа престануваат да ги исполнуваaт тие услови, истакна вицепремиерот Николоски.
Министерот прецизираше и дека контролите на лиценците се во делот на потребниот број вработени, а не во дел на квалитетот на изведување.
- За да не настане забуна, контролите на лиценците се во делот на потребниот број вработени, а во делот на квалитетот на изведување и квалитетот на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите, потенцира Николоски.
За деталните урбанистички планови го повтори ставот дека некои општини треба да се шират, но само ако има место.
- Во некои општини ДУП-овите не поминуваат. Тоа што се случи во минатото се случи, сега сме многу внимателни, нагласи Николоски.
Ново на Сител
-
Полицијата викендов во контроли на угостителски објекти во Куманово, констатирани прекршоци
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки