Во Струмица ќе се организираат вежби за евакуација во училиштата
Во соработка со директорите на основните и средните училишта на територијата на Општина Струмица, во наредните денови ќе се организираат вежби во континуитет за евакуација на учениците и училишниот персонал во случај на пожар. Вежбите ќе се организираат со учество на Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Струмица, информираа струмичките пожарникари.
Организирањето вежби за евакуација го потврди и градоначалникот Костадин Костадинов, кој апелира до граѓаните да не создаваат паника ако забележат невообичаени случувања или интервенции на терен, бидејќи станува збор за вежби и симулации.
- Овие активности се дел од нашите редовни подготовки за брзо и ефективно реагирање во случаи на непредвидени настани, и се изведуваат со цел зголемување на безбедноста на нашите ученици и вработени.Таквите вежби во различни училишта ќе ги има еднаш неделно, информираше струмичкиот градоначалник.
Струмичките пожарникари, пак, додаваат дека дека секој може да се обрати до нив и да ја исполни законската обврска за годишни вежби за евакуација.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш