ОЈО бара притвор за 44-годишен маж кој украл 10 илјади евра од менувачница
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па осомничениот влегол во менувачницата, од благајната ги одзел парите и веднаш го напуштил местото. Набрзо бил пронајден и уапсен.
Осомничениот е претходно осудуван, а за него се водат и други постапки за кривични дела. Со оглед на тоа, а имајќи ја предвид и опасноста тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-
Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок
-
Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост
-
Русија и САД почнаа заеднички проекти за руските ретки минерали
-
Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани
-
Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
-
Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами